Загинаа 429 лица во Индонезија, а сега постои опасност од ново цунами

108
ФОТО: EPA / ADI WEDA

Во цунамито, кое во саботата ги погоди крајбрежните подрачја на индонезиските острови Јава и Суматра загинаа 429 лица, 1500 се повредени и 154 се сметаат за исчезнати, соопшти денеска претставник на локалните власти.

Цунамито што ја погоди областа по должината на индонезискиот брег околу Зондскиот теснец – помеѓу Јава и Суматра – индиректно беше предизвикано од ерупцијата на вулканот Анак Кракату, на околу 50 километри од брегот, велат експертите.

Разурнувањата предизвикани од цунами, опфаќаат пет реонот на двата острови.

Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика предупреди денеска за опасност од појава на високи бранови во многу области, вклучувајќи во Јаванското Море, во периодот до 27 декември, пренесе ТАСС. Во соопштението се вели дека брановите можат да достигнат висина од четири метри, па поморскиот сообраќај треба да се одвива исклучително внимателно.

Претходно, шефицата на агенцијата Двикорита Карнавати предупреди за исклучително неповолни временски услови во наредните денови во крајбрежните области околу Зондскиот теснец. Метеролозите предвидуваат силни ветрови и поројни дождови.

ФОТО: EPA / ADI WEDA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...