Најмалку 34 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа кога патнички автобус налета на бомба поставена во близина на пат во западната авганистанска провинција Фарха, соопшти полицијата.
Седумнаесет лица се ранети вонапаадот извршен денеска во областа Бала Булук.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во тој регион активни се талибанците, јави ДПА.