Загинаа 14 хокеари од Канада

1701

Најмалку 14 хокеари од јуниорскиот тим на „Хамболд бронкос“ загинаа во сообраќајна несреќа. Тие се превезувале во автобус, а при несреќата се судриле со камион.

Според пишувањата на светските медиум, потврдена смртта на 14 играчи кои биле на возраст од 15 до 21 година. Во автобусот имало вкупно 28 лица. Останатите 14 наводно се згрижени во најблиската болница.

По трагедијата се огласи и канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Не можам ниту да замислам низ што минуваат родителите на овие деца, мое сочуство до сите кои ги погоди оваа голема трагедија во градот Хамболд и пошироко“, напиша Трудо на Твитер.

Несреќата се случила синоќа во близина на Тиздејл, на 300 км од покраинскиот главен град Реџина. Хокеарите на тимот Хамболт Брокос патувале на петти натпревар од плеј-оф серија против тимот Нипавин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...