Најмалку 11 лица загинаа, 24 се водат како исчезнати, а 81 се повредени во земјотресот со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала, што вчера го погоди централниот дел на Филипините.
Земјотресот бил на длабочина од околу 40 километри под површината на островот Лузон, на околу 60 километри од филипинскиот главен град Манила.
Во земјотресот се урнати или оштетени повеќе станбени и деловни објекти, а штети се нанесени и на сообраќајната инфраструктура, поради што во прекин или застој беше воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај.
При потресот попуштил базенот на покривот на облакодерот „Анкор Скајсјутс“ во Манила, при што од височина од 181 метри се излиле тони вода.
Филипините се наоѓаат во пацифичкиот „огнен прстен“ каде земјотресите и вулканските ерупции се честа појава.