Загинале четири деца, а најмалку 11 лица се повредени во пожар во руски камп, пренесуваат тамошните медиуми.
Од 26 шатори изгореле 20, а во кампот се наоѓале околу 189 деца, на возраст од 7 до 15 години.
Шест деца биле во болница, три биле во кома, а соопштено било и дека повредени се петмина повозрасни личности.
Според првичните информации, причина за несреќата би можела да буде запалена греалка.
Истражниот комитет започнал истрага.
Власта во крајот кај што се наоѓал кампот прогласила тридневна жалост поради несреќата.