Пожарникарската служба во Њујорк соопштила дека денес шест лица, од кои четири деца, загинале во пожар во станбена зграда.
Децата биле на возраст од 3 до 11 години. Се верува дека сите шестмина загинати се членови на едно семејство.
Во гаснењето на пожарот учествувале речиси 100 пожарникари на кои им било потребно повеќе од час за да го стават огнот под контрола.