Загинаа тројца тинејџери во стампедо при одбележување на Свети Патрик во Северна Ирска

91

Три лица загинаа, а неколкумина се повредени во стампедо кое се случило синоќа во дискотека во хотелот „Гринвејл“ во северноирскиот град Кукстаун.

Неколку десетици млади луѓе се собрале да го прослават Денот на Свети Патрик, кога од засега непознати причини започнало стампедо, во кое две лица го загубиле животот.

Повредените се префрлени во локалните болници, а еден од нив се наоѓа во критична состојба.

Помошник шефот на полицијата на Северна Ирска, Марк Хамилтон изјави дека причината за инцидентот не се знае, но постојат индиции дека дошло до уривање во дискотеката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...