Загинаа најмалку тројца, од кои едно дете, во снежна бура во Турција

283

Најмалку три лица загинаа, а 55 се повредени во две автобуски несреќи во Кирсехуир, Централна Турција и во Анкара, кои се погодени од обилни снежни врнежи.

Во автобуската несреќа во Кирсехир меѓу жртвите, едно е дете, а повредени се 35 луѓе, од кои шестмина во критична состојба.

Во слична несреќа во близина на Анкара, повредени се 20 луѓе.

Турската новинска агенција Анадолија објави дека централниот дел на Турција е погоден од невреме, а најпогодена е областа Анкара.

Во главниот град на Турција, Анкара порди снежната бура затворени се училиштата и поединечни патишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...