Најмалку две лица загинаа, а десетина се повредени при судир на два воза во јужноафриканската престолнина Преторија, изјави претставник на локалната спасувачка служба, Чарлс Мабасо.
– Има два потврдени смртни случаја и повеќето наши службеници се на местото на несреќата – вели Мабасо.
На Твитер се појавија фотографии од преторијанската железничка станица „Маунтин вју”, каде што се случи несреќата, на кои се гледа како спасувачките служби им помагаат на повредените.
ФОТО: МИА