Загинаа две момчиња во САД, со порше од патот „слетале“ во соба на втори кат

277
ФОТО: Метро

Две момчиња се мртви откако со порше завршија „летајќи“ на втори кат од зграда, пренесува „Метро“.

Дваесет и двегодишниот Брајден Де Мартин го возел поршето кога изгубил контрола врз него. Тој го изгуби животот заедно со една година постариот сопатник, Даниел Фолеј. Настанот се случи вчера околу 6.30 часот.

– Те сакав со секои атом и молекули во моето тело. Секогаш ќе те сакам. Нашата врска беше една од најдобрите љубовни приказни кои ќе ги паметам. Ти благодарам што беше дел од мојот живот и што ми покажа колку многу сум способна да сакам некого – рече поранешната девојка на Фолеј.

Таа додала дека иако се разделиле пред некое време, сепак секогаш ќе му биде благодарна за времето поминато заедно.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...