Загадувањето од „Дрисла“ не ги надминува просечните вредности

Извршен е увид во интерниот мониторинг на емисијата на гасови од оџакот на печката за согорување медицински отпад.

80

Загадувачките супстанци во воздухот од печката за согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла“ не ги надминуваат просечните вредности, соопшти Државниот инспекторат за животна средина.

Како што е соопштено, извршен е увид во интерниот мониторинг на емисијата на гасови од оџакот на печката за согорување медицински отпад.

„По добиените резулатти од акредитираната лабораторија од шести јуни и четврти јули годинава од извештаите од мерењата на јаглероден моноксид, јаглероден двооксид, азотни оксиди, сулфурен двооксид и прашина, емисиите не ги надминуваат просечните вредности“, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...