Загаден воздухот во Скопје, кај Ректорат измерени 300 микрограми ПМ 10

65
20151224 Thursday magla skopje zagadeno zagadenost zagaden vozduh pm chestici chestichki smog

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање од ноќеска покажуваа концентрации на ПМ10 честичките и над 200 микрограми на метар кубен, а наjвисоката вредност е регистрирана кај Ректорат од 301 во 02 часот по полноќ.

Според објавените мерења, најзагаден бил воздухот кај Ректоратот каде од 20 часот концентрациите се искачуваат на 221,51 микрограми и достигнуваат до 301 во 02 часот по полноќ. И следните мерења на оваа станица покажуваат високи концентрации над дозволеното со измерени 248 во 03 и 04 часот и 169 измерени во 05 часот и сѐ уште се над 100 микрограми. Последното мерење од од 09 часот со 153 микрограми.

Загаден бил воздухот и во Карпош и во Гази Баба. Во Карпош високи концентрации над 100 се измерени од 18 часот синоќа кои се искачуваат до 211 во 20 часот и се задржуваат во следните мерења меѓу 100 и 200. Последното мерење евидентирало концентрации од 44 микрограми.

Во Гази Баба максимумот од 209 микрограми е измерен во 22 часот и на полноќ и 202 микрограми во 03 часот. Концентрациите се задржани на 196 во 04 часот, и над 100 се движат се до последното мерење во 09 часот.

Ѓорче Петров, исто така, вчера по 16 часот евидентира концентрации над 100 микрограми.

Во Центар мерната станица, според објавеното на веб страницата, во 18 часот вчера концентрациите достигнале до 98.

Препораки за заштита на населението се упатуваат во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 во два последователни дена со среднодневни концентрации над 100 µg/m3.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...