Според податоците Непал е земја со најзагаден воздух во светот, по што следи Индија.
Загадувањето на воздухот во овие земји е толку сериозно што го скратува просечниот животен век на нивните граѓани со цели 4 години.
Степенот на загадување на атмосферата зависи од регионот. На пример, во подножјето на Хималаите воздухот е исклучително чист, пишува BGNews.
За споредба, прогнозираниот животен век во Кина – земја со многу валкан воздух, се скратува само со 2,9 години, а во САД – со 0,1 години.
Загадувањето на воздухот во голема мера е предизвикано од согорувањето на фосилните горива, скратувајќи ја на глобален план должината на животот во просек за 1,8 години на човек.