Завршните зборови за „Триста“ закажани за 16 мај

375

Со испитување на првообвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер за внатрешни работи, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето по предметот „Триста“ , во кој се суди за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила за МВР.

Обвинетиот Поповски прво одговараше на прашања на одбраната, а потоа со вкрестено испрашување го презедоа и обвинителите од СЈО.

На крајот од денешното рочиште СЈО во предметот понуди и дополнителни докази – извештај за сопственост на телефонски броеви од Телеком.

Ново рочиште е закажано за 16 мај, кога треба да се даваат завршни зборови во предметот.

Поповски, според обвинението, се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, тој незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на „Порше Македонија“ ДООЕЛ Скопје, „Ка-Дис“ ДОО Скопје, „Бохемија Автомобили Роус“ ДООЕЛ Скопје, „Колевски“ ДОО Скопје и „Авто Куќа“ ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...