Заврши увидот за тројното убиство во Дебар, засега нема осомничени

392

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар раководеше со увидот на лице место во семејна куќа во Дебар каде што, според првичните сознанија, беше извршено убиство на тричлено семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка, соопшти Обвинителството.

– Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите лица, како и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место. По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело. Дополнително, ќе бидат детално сослушани сите лица кои ги познавале жртвите и кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...