Во Дојран нема да се склучи договор за јавно приватно партенрство во стопансувањето со услугите за водовод и канализација, одлучи мнозинството од жителите на Дојран на денешниот референдум.
На вториот референдум во последните три години во оваа општина жителите се изјаснуваа за референдумското прашање „Дали сте за или против доделување на договор за јавно приватно партнерство за услугите снабдување со вода за пиење,одведување на урбани отпадни води и третман на урбани отпадни води во општина Дојран?“. На прашањето свое мислење дале 1.420 граѓани или 53,34 отсто од запишаните 2.662 во гласачкиот список. Од нив „за“ гласале 404, „против“ биле 978, а 38 ливчиња биле неважечки. Според неофицијалните резултати што ни ги соопшти Злата Ајцева од ОИК Дојран, јавно приватно партнерство во Општина Дојран ќе нема.
Целиот изборен процес минал достоинствено и мирно, без проблеми, забелешки и инциденти.