Во Институтот за судска медицина се примени 14 тела на загинати патници во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово.
Завршена е обдуцијата на телата на 13 патници, а за два часа се очекува да заврши и обдукцијата, која е во тек, и на уште едно тело.
Ова за МИА го изјави директорот на Институтот за судска медицина, Алекс Станков, кој рече дека во тек е идентификациската постапка, која се врши заедно со МВР и утре би требало МВР да има официјална листа на загинати патници, официјално потврдена со идентитет.
Тој посочи дека извештајот ќе го достават до надлежен јавен обвинител.
– Нема утре да го доставиме, туку кога ќе ги завршиме анализите со извештаи за секоја обдукција. Тоа се 14 извештаи и треба обвинителот да ни каже што да работиме. Меѓутоа, идентитетот и листата на загинати ќе си ја има обвинителот, од полиција ќе си ја добие. Обдукциите од синоќа ги работиме, 13 се завршени, а на 14-тата се работи и за два часа ќе биде завршена – додаде Станков.
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI