Завадлав бил дрогиран додека убивал со калашњиков во Сплит

1177

Токсиколошкото вештачење на 25-годишниот Филип Завадлав покажало дека тој бил под влијание на дроги додека убивал во Сплит на 11 јануари годинава, неофицијално дознава хрватски  24 часа.

Наводно во крвта му се пронајдени различни супстанци, многу медикаменти, но и траги на метадон.

Неговиот адвокат Бранко Шериќ за Индех изјавил дека тој се уште го нема добиено токсиколошкиот наод и дека не знае што е наведено.

Завадлав со калашњиков уби три лица во центарот на Сплит.

Полицијата два часа и 45 минути по убиствата во Сплит го уапсила Завадлав и против него поднела кривична пријава за тројно убиство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...