Забрчанец: Срамна монтажа е дека на Мечкин Камен се скандираше „Северна, Северна“

Порталот Инфомакс бара во рок од 48 часа, владиниот шеф за односи со јавност Марјан Забрчанец и советникот за ПР Петрит Сарачини, да се извинат на кажаното дека станува збор за лажни вести, во спротивно ќе добијат тужби за клевета и навреда:

1347

Советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, тврди дека е монтажа видеото кое се прошири на дел од порталите дека вчера на Мечкин Камен се скандирало „Северна, Северна“.

Забрчанец на својот профил на Фејсбук тврди дека портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои го објавија видеото со објаснуваше дека скандираат членови на СДСМ, всушност објавиле лажна вест.

„Дезинформаторите шират срамна монтажа во која лажат дека граѓаните наводно скандирале „Северна Северна” на Мечкин Камен.

Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото.

Денес во Крушево ечеше од зборовите Илинден, македонски, Македонија, заедно, иднина. Тие што беа на Мечкин Камен знаат дека денес граѓаните заедно ја пееја „Денес над Македонија се раѓа…”. Денес се скандираше за иднината, за Републиката, за химната, за македонскиот јазик.

Во Крушево ечеше паролата „Сите сме деца на Илинден!”, напиша вчера Забрчанец.

Порталот Инфомакс веднаш побара во рок од 48 часа, владиниот шеф за односи со јавност Марјан Забрчанец и советникот за ПР Петрит Сарачини, да се извинат на кажаното дека станува збор за лажни вести, во спротивно ќе добијат тужби за клевета и навреда:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...