Забрането е да се забранува, но…

4842

Јани глуми жртва, и прави реклама на најрасипан начин – без срам и перде, вели „Немам што да јадам, ниту да платам струја“, а е директор на мегафонската Анал 5!

Тука е и глумецот во истиот филм, кој е притворен и вечер ќе го немало на „црвениот тепих“! Зар така со уметници!?

Чекај, полека … На Владо не му се суди оти е уметник, туку оти на 27-ми изврши ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД на Парламентот и народните пратеници!

Токму – во име на уметноста… Во име на „божицата“ уметност. Да ве прашам нешто – оти не истапивте во тоа име, име на уметникот и уметноста, кога за време на фашизмот на ДРПМНЕ – токму најдобрите уметници од својата фела – меѓу кои и јас (како писател кој ги напишал најквалитетните драми во македонската драматургија од самиот почеток до денес) сите беа буквално забранети во МКД, но не „плачеа“. туку преживеаја оти беа доволно квалитетни да им се играат текстови, објавуваат книги и да режираат надвор од границите на државата!

(Да те прашам – имаш режирано нешо вон МКД, а? Ти „жртво“ на „хунтата“ која е сега на власт?

Нели мерилото е квалитет!? Така ли е „патенику“, „жртво“, „политички дисиденту“?

Та тогаш кој во 2015 година ти даде милион евра народни пари, и врз кои критериуми, што беше клучно да снимиш филм кој ќе го минира граѓанскиот концепт на Македонија кој започна да заживува и почна да пушта корени и да се обидеш да придонесеш за НОВА ВОЈНА, која им е нужност и единствен спас на твоите господари. Каде е тука НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС оти тоа е клучно при доделување на проектите! Разбираш ли? Проекти од национален интерес, проекти кои се плаќаат со пари на граѓаните на оваа држава!?

И онака, како колега – колега, да те прашам: Не ти пречеше кога им се спремаа бесилки на „Плоштад Македонија“ на твоите колеги и за тоа на големо се трубеше и се пропагираше – на телевизијата на која директоруваш (Анал 5) на црниот список беа: проф. Милчин, Симона, на мене, Ацо, Унко, на Ориѓански, Дац, Штеријовска, Владо, Катерина И., Викторија, Ана, Ирена, Сања… ги има уште („сори“ ако некого изумив, ненамерно…)… Зошто тогаш не рече – тоа се уметници, нивниот протест е „уметнички перформанс“ или помагаше при полнење на „ЦРНИТЕ ТЕФТЕРИ“!?

п.с.
Срамота!
И покрај сѐ што ми направивте, јас прв наседнав на твојата „итроштина“, твојата маркетинг финта, дека филмот ти е забранет – и прв реагирав со статус. Еве што напишав:
„Никако не смее да се забрани филмот ‘Ругање со Христос’ (демек утре во 11 ч. – филмот ќе бил забранет на Суд)! Ако е вистина – Не му правите реклама! Ве молам…
Нека се прикаже филмот јавно. Што појавно може, е потоа, самиот филм ќе почне да си прави невидена, срамна АНТИРЕКЛАМА!
Нека се прикаже филмот и потоа отворете јавна дискусија за истиот!“.

Колеги! Остана ли некој уметник кој е уметник само и исклучиво поради уметноста?!?
Јани, ако некаде наидеш на вистинска ЦЕНЗУРА (од институција или организација од било кој тип), јас ќе бидам прв кој ќе застане до тебе во знак на протест и поддршка, во име на неприкосновеност на слобода на уметничкиот чин, ќе бидам со и за тебе; и ако знам дека ти тоа, како најверојатно ниту било кој од вас, не би го сторил тоа за мене … како што впрочем и се виде во деценијата на репресивниот груевизам!
Но … внимателно.

Секако не зборам, за вакви, од тебе и твојата „тајфа“ – исфингирани, демек, забрани – кои всушност тоа не се! (Провиден обид, за фрлање „пепел во очи“! Еј, со денови ти стоеше ивентот за филмот, а пишуваш, демек – филмот ти е забранет!)

Колеги! Треба, уметноста, да ја третираме како „свет чин“, треба да си ги браниме своите права, но никако не смееме да се поигруваме со нив, а уште полошо – да ги злоупотребуваме во дневно-политички и маркетиншки цели! Тоа е бедно!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...