Забрана од најмалку една недела за јавни собири и за спортски натпревари, предлага Филипче

Ние не може да знаеме што ќе очекуваме. Го подготвуваме системот за еден, двајца, тројца, десет или повеќе пациенти. Има многу непознаници за вирусот и мора да се подготвиме - додаде Филипче.

657

Министерот за здравство Венко Филипче ќе предложи ограничување на јавни собири, сосе спортските настани, за што Владата денеска треба да донесе одлука.

– Предлогот е да се забранат сите јавни собири каде има голема бројка на граѓани, без разлика дали се во затворен или отворен простор. Треба да се откажат сите големи јавни собири и спортските натпревари – рече Филипче.

Предлогот е забраната да важи една недела, а доколку има потреба, ќе биде решено дали таа ќе продолжи.

Филипче нагласи дека се што се презема е системот да се подготви за превенција и третман на пациентите.

– Ние не може да знаеме што ќе очекуваме. Го подготвуваме системот за еден, двајца, тројца, десет или повеќе пациенти. Има многу непознаници за вирусот и мора да се подготвиме – додаде Филипче.

Препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои престојувале во Италија откако таму се појавија првите заразени, да доаѓаат на работа, и натаму важи. Тие прво мора да останат 14 дена во домашна изолација – толку трае инкубацијата на вирусот.

И останува апелот да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...