Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана за патување во САД за членовите на Националното собрание на Венецуела, кое е под контрола на претседателот Николас Мадуро.
Специјалниот пратеник на Вашингтон за Венецуела, Елиот Абрамс, изјави дека времето за дијалог со Мадуро „одамна поминало“ и оти сега само преостанува да се преговара за негово заминување. Тој исто така повика да се зајакне поддршката на САД за опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој минатиот месец се самопрогласи за претседател на Венецуела, по што го признаа многу земји, меѓу кои и САД.
ФОТО: EPA / JIM HOLLANDER