Забрана за камиони на патот Маврово-Дебар

97

Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива по суви коловози. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека останува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...