Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

51

Од 8,45 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема (синџири) на патниот правец Тетово-Попова Шапка, соопштија АМСМ и ЈП Македонија пат.

Поради снег на коловозот, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан од 07:15 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 04:10 часот, забрана за сообраќај на камиони има и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива по наместа влажни  коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Надлежните апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...