Забрана за електронски цигари во Турција

144

Турската Влада има намера да ја забрани продажбата и увозот на електронски цигари, соопшти министерот за здравство Фахретин Коџа, јави Анадолија. Предлогот ќе биде доставен до Парламентот.

Претходно, Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во САД пријави „експлозија“ на белодробни заболувања и респираторни заболувања кај корисниците на е-цигари. Центарот сугерираше луѓето  да ја разгледаат можноста да престанат да ги користат електронските цигари. Веројатната причина за болеста е масло со витамин Е.

Сепак, не постои консензус на оваа тема и експертите веруваат дека е рано да се извлечат конечни заклучоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...