Забрана за електронските цигари или „модниот детаљ“ во Индија

Таа наведе дека електронските цигари претставуваат се поголем ризик по здравјето, бидејќи не се користат како средство кое помага да се остави пушењето, туку како „моден детаљ“, особено кај младите.

87

Индиската Влада забрани производство и увоз на електронски цигари.

Министерката за финансии Нирмала Ситарамање соопшти дека со извршната одлука ќе бидат забранети овие производи и на тој начин ќе се зголеми контролата на цигари во земјата.

Таа наведе дека електронските цигари претставуваат се поголем ризик по здравјето, бидејќи не се користат како средство кое помага да се остави пушењето, туку како „моден детаљ“, особено кај младите.

Повеќе од 900.000 луѓе умираат годишно поради болести поврзани со ризикот од пушење.

Во Индија има 106 милиони возрасни пушачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...