МВР ги известува граѓаните дека од 05 часот на 5 јануари до 24 часот на 6 јануари, според добиените информации од грчките погранични служби, се воведува забрана за влез за сите товарни моторни возила во Грција, и тоа на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, со можност за нејзино продолжување.
Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.