Шефот на изборниот штаб на СДСМ Љупчо Николовски на сопартијците и функционерите им испратил писмо во кое им укажува како да се однесуваат во предизборниот период.
Меѓу препораките се наведува функционерите да бидат дисциплинирани во однесувањето кон граѓаните и во објавите на социјалните мрежи. Да не седат по кафеани, да не објавуваат фотографии од одмор, патувања, кафеани и ресторани.
На функционерите на СДСМ дозволени им се објави на социјалните мрежи кои се фокусирани на политиките на партијата, на интересот на граѓаните, на државата и во функција на кампањата.
Од партијата велат дека станува збор за допис до сопартијците кој е за интерна, партиска употреба. Писмото, велат од там, е реафирамција на заложбите на СДСМ и на лидерот Зоран Заев за етичко и одговорно однесување на нивните функционери.