Дали сте слушнале за популарниот „Million Dollar Dip“, односно сос од милион долари? Станува збор за многу популарен прилог во Америка, а таму со задоволство го користат како прилог со чипс, крекери, тортиљи… Името го добил бидејќи има многу богат и декадентен вкус, иако се приготвува од само пет состојки.
Овој сос го осмислила познатата американска готвачка Хелен Корбит, а најголемата предност на овој специјалитет е тоа што се приготвува брзо и лесно па со него никогаш нема грешки.
Со помфрит, рестован компир, скара, крекери – овој сос може да има бројни примени, а ние ви го претставуваме рецептот за истиот.
Потребни состојки:
– 6-8 парчиња сланина
– 300 грама мајонез
– 220 грама изрендан чедар кашкавал
– 100 грама бадеми
– 50 грама млад кромид
Подготовка:
1. Во тава кратко пропржете ги бадемите и оставете ги да се изладат пред да ги ставите во сосот.
2. Во тава пропржете ги и тенките парчиња сланина додека не станат крцкави, а потоа наредете ги на салфети за да ја впијат маснотијата. Кога ќе се изладат, исечкајте ги на што е можно поситни парчиња.
3. Изрендајте го кашкавалот чедар и помешајте го со мајонезот, сечканата сланина и бадемите.
4. Во сосот додадете го ситно исечканиот млад кромид и оставете да отстои неколку часа во фрижидер пред да го сервирате.