Заборавените средношколци од Неготино се посрале во хотелот во Италија

4659

Жестоки реакции предизвика веста дека двајца средношколци од Неготино биле оставени сами на себе во Италија, додека директорката на гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ заедно со нивните професори и соученици ја продолжиле екскурзијата во Франција.

Екскурзијата почнала и се одвивала според однапред договорениот план. Четири ноќевања и полупансион, посета на Венеција, Верона и Милано во Италија и посета на Ница, Кан и Монте Карло во Франција била понудата на туристичката агенција ,,Балкан Турист’’ од Кавадарци, чиј сопственик е Тони Ристовски, кој заедно со уште двајца претставници од агенцијата бил присутен на екскурзијата, а покрај нив децата ги придружувале и девет професори и еден лекар. Присутни биле 133 ученици, сместени биле во два хотели, а се патувало со три автобуси.

По враќањето од екскурзијата, родители на социјалните мрежи обелоденија дека се случил скандал, кога две деца биле оставени во хотелот во Италија, бидејќи доцнеле петнаесеттина минути, а целата група со професорите и средношколците без нив, со автобусите продолжила во Франција. Децата го минале целиот ден во Италија сами, а групата се вратила назад дури во вечерните часови. Нивната реакција веднаш беше пренесена од страна на повеќе медиуми во земјава.

 

По ова, реагира Тони Ристовски, сопственикот на агенцијата ,,Балкан турист’’ кој  доставил писмото  до „Фокус“ од  Снежана Стојановиќ, тур оператор за Италија и Европа од A&A Group DMC, која што соработувала со туристичката агенција ,,Балкан турист’’, која се најде во центарот на вниманието со средношколците од Неготино, оставени во Италија. По писмен пат ја прекинала соработката со групи од Македонија. Како што е наведено во писмото, причината за тоа е големо невоспитување.

Таа испраила фтографија од купатилото на собата 55 каде некој извршил нужда на подот.

Се огласи и МОН, од каде порачаа дека одговорност во случајот со екскурзијата на неготински средношколци во Италија мора да има, наставниците и директорот на училиштето во ниту еден случај не смееле да ги остават учениците сами и да заминат без нив.

– Потсетуваме дека станува збор за малолетни лица кои им биле доверени ним. Исто така, загрижувачко е однесувањето на учениците за време на изведувањето на екскурзијата, за што исто така може на учениците да им бидат изречени педагошки мерки – нагласуваат од Министерството.

Државниот просветен инспекторат ќе изврши увид во гимназијата и ќе ги даде своите препораки.

– Ваквото нивно однесување спрема учениците е основ за поднесување на одговорност. Секако и на родителите им останува можноста за покренување постапка за одговорност на наставниците за нивната негрижа спрема учениците, додаваат од МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...