Заблудата како доживотна казна?

Не би било лошо на овој новиов пазар во Ресен да се инсталира по некој звучник, на кој најчесто ќе се врти песната „Лажи, лажи, Вере“!

940
Суштината на човековите заблуди на маестрален начин ќе ја опише Петре М. Андреевски во својот роман „Последните селани“:
– Сакаше сė да им изнарече, а сепак имаше милост и кон нивните заблуди и кон нивната судбина што мораа да ги издржуваат како доживотна казна. Можеби сето тоа што сакаше да го исплука, само го собра в уста и го голтна. Па луѓето, речиси сите луѓе, прават толку полоши работи без да ја знаат причината за тоа….И кога требаше Алексо на своите соселани да им го рече најлошото, тој само ќе се свртеше и мирно ќе им речеше: Ај, останете ми со здравје!
Малку е еден живот, драги мои, велеше Кубеш, за човек да направи сė што наумил.Јас, пак, би додал дека и два живота се малку за човек да се ослободи од сопствените заблуди.
Најдобар лек, пак, за ослободување од заблудите е процесот на „перманентно образование“, коешто најдоследно го применуваат Јапонците. Патем речено, што мислите, случајно ли овие нашиве ајдуци го уништија образованието?
Не! Нема ништо случајно, зашто само сиромав и неписмен народ можеш да го држиш во покорност.
Кога го запрашале Бенито Мусолини, творецот на првата фашистичка држава, што е потребно за успешно да се владее со Италијаните, тој кратко одговорил: „Силен полициски апарат и музика на градските пазари“.
Истовремено, не би било лошо на овој новиов пазар во Ресен да се инсталира по некој звучник, на кој најчесто ќе се врти песната „Лажи, лажи, Вере“!
(ФБ статус на авторот)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...