Снегот, кој од синоќа интензивно паѓа на Копаоник, придружуван од силни ветрови, достигна височина од 70 сантиметри. Сообраќајот е забавен, формирана е колона од возила, а во местото Рудно кај Краљево се завеани повеќе од 200 луѓе, јави РТС.
Најмногу проблеми има на патот Рудница – Копаоник, во викенд населбата, каде што чистењето на снегот е отежнато поради паркираните возила.
Како што пренесува РТС, патот од Рудно кој води до Ибарска магистрала е завен, а снежните наноси достигнуваат до еден метар