Во Нигерија киднапирањата се сѐ почести, а меѓу жртвите има и странци.
Дваесет и деветгодишната Британка, Феј Муни, која работела во Нигерија, со своето момче од Лагос присуствувала на забава која завршила трагично.
Парот бил убиен, а три лица биле киднапирани.
Засега никој нема преземено одговорност за убиствата, а идентитетите на киднаперите уште не се познати, соопштила полицијата.
Од британското дипломатско претставништво бил откриен идентитетот на Муни, но оттаму не сакале да се шпекулира околу мотивите за нападот.
ФОТО: Принтскрин / Фејсбук