Големо количество снег падна во регионот Синџијанг, чии жители на социјалните мрежи објавија фотографии и снимки од досега невиден феномен.
Прво паднал „обичен“ бел снег, а потоа преку него паднал и слој снег со жолта боја.
Директорот на метеоролошкиот институт во Синџијанг, Хе Чинг објасни дека дошло до мешање на снег и песочна бура.
– Од минатиот петок, многу места во Синџијанг се под влијание на силни ветрови. Во областа Карамај е регистрината песочна бура. Силните ветрови донеле песок јужно на градовите меѓу кои се Урумчи и Шанџи. Поради ниските температури, песокот паднал заедно со снегот – рече тој.
Footage shows Urumqi in NW China’s #Xinjiang covered in yellow snow. According to the Xinjiang meteorological observatory, the strong wind and sandstorms combined to create yellow snow. Citizens joked the snow is like a tiramisu cake. (Video:bjnews) pic.twitter.com/TVjux16Go8
— Global Times (@globaltimesnews) December 3, 2018