Жолт картон за седум локали во Центар за терасите

451
20150818 Tuesday 1127 opstina centar

Секторот за инспекциски работи на општина Центар во изминатиот период врши засилени контроли и инспекции, особено на локациите каде има поставено дива и нелегална урбана опрема (затворени тераси, маси, столици…).

Издадени се 7 нови решенија за отстранување на урбаната опрема на правни лица кои се наоѓаат на територија на општината. Решенијата се веќе проследени на понатамошна обработка, а согласно законската регулатива во Република Македонија, правните лица имаат определен рок во кој самите треба да постапат по решенијата и да ја отстранат урбаната опрема. Доколку не го сторат истото, општината ќе постапи по решенијата, во рамките на својата законска ингеренција – информираат од општината. 

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, уште еднаш апелираат до сите засегнати страни и правните лица да се придржуваат до и да ги почитуваат правилата и процедурите за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема и заградување на просторот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...