„Жолти елеци“ и во Хрватска

304

Протестите на „жолтите елеци“ во Франција, кои траат подолго од еден месец, ги поттикнаа и останатите да ги следат, по што слични собири најавуваат и во Хрватска.

Поттикнати од успехот на француските демонстранти, слични протести почнаа да се одржуваат и во другите европски земји, како Белгија и Холандија, а сега слично движење се формира и во Хрватска.

На социјалната мрежа Фејсбук е отворена група „Жолти елеци Хрватска“, која моментално брои околу 10.000 луѓе. Групата е создадена од вонпарламентарната партија Слободна Хрватска.

Првите протести на хрватските „жолти елеци“ се најавени за оваа сабота во три градови Загреб, Пула и Риека, со почеток во 12 часот.

Организаторите на протестите ги повикуваат сите оние кои се незадоволни од социјалниот статус и состојбите во политичкиот и општествениот живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...