Жичницата на Водно ќе работи за Голема Богородица

200

Жичницата на Водно во вторник (28.08.2018 година) ќе работи со вообичаено работно време и покрај тоа што станува збор за последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

ЈСП „Скопје“ одлучи позитивно да одговори на барањето на поголем број граѓани кои деновиве иницираа жичницата на посочениот ден да работи имајќи предвид дека е неработен ден (верски празник Голема Богородица) за поголем број граѓани и извесно е дека дел од нив планираат очекуваното сончево време да го минат на падините на Водно.

Автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе возат по неделен возен ред, а превозот за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници.

Редовниот сервис на објектот предвиден за последниот вторник во месецов (28.08.2018 година), ќе се изврши во среда (29.08.2018 година), односно жичницата тој ден нема да работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...