СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј.(23) од с.Шипковица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Во јули 2019 пријавениот, на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“, од негови профили објавил заеднички компромитирачки фотографии со девојка од тетовско село, со која претходно бил во љубовна врска.