Жител на Мокрино му се заканувал на премиерот на Фејсбук

„Д.П. со употреба на корисничко име „Andon Koseto“ на Фејсбук споделил објава во која упатил закана кон премиерот и неговото семејство“, соопшти МВР.

367

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика откри кој го користел име „Andon Koseto“ на Фејсбук и му се заканувал на премиерот Зоран Заев и неговото семејство.

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против Д.П.(33) од село Мокрино-струмичко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„Д.П. со употреба на корисничко име „Andon Koseto“ на Фејсбук споделил објава во која упатил закана кон премиерот и неговото семејство“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...