Жител на Лабуништа паднал од висина работејќи на семејна куќа и починал

533

Во Медицинскиот центар во Вевчани вчера со тешки телесни повреди е донесен М.М. (51) од струшкото село Лабуништа, кој потоа бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а потоа, со медицинско возило е транспортиран кон Ургентен центар во Скопје, но во тек на транспортот, им подлегнал на повредите.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки, утврдено е дека М.М. изведувал градежни работи во двор од семејната куќа во Лабуништа при што паднал од висина.

По наредба на Јавен обвинител, извршена е обдукција и не се утврдени траги на насилство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...