Жителите на Сарај сметки за вода ќе плаќаат во Центар, затворен е пунктот во Општината

275

Пунктот за наплата во Општина Сарај, лоциран наспроти училиштето, од денеска нема да работи, информира ЈП Водовод и канализација.

– Корисниците ќе можат да ги извршуваат сите услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје на наплатните места во дирекцијата на претпријатието oд 7.30 до 19 часот секој работен ден. За новата локација на пунктот за наплата во Општина Сарај дополнително ќе бидете известени, соопшти претпријатието.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...