Жителите на Кисела Вода блокираа булевар, преселба на Центарот за 3 месеци

1137

Жителите на Кисела Вода попладнево го одржаа најавениот протест и цел час го блокираа делот од булеварот Борис Трајковски, барајќи итна преселба на Центарот за зависноста од дроги.

На протестот, кој се одржа под мотото „Внимавај да не нагазиш на игла”,  градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, им вети дека прво ќе се зголеми присуството на персонал и полиција во Центарот, а дека за 3 месеци оваа установа и  ќе се пресели, без да прецизира каде.

– Првата мерка е за наредните 2 недели, а во следните 3 месеци ќе се дислоцира Центарот. Како можно решение се три локации – рече Темелковски, кој нагласи дека новата локација на овој Центар е работа на Министерството за здравство.

Жителите на Кисела Вода очекуваат утре да ги видат и „црно на бело“ предложените мерки, па ќе решат дали ќе продолжат да протестираат.

Тие се жалат дека не се чувствуваат безбедни, бидејќи лицата што се лекуваат во Центарот во нивната блиска околина фрлаат шприцеви и игли, кои се опасност за децата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...