Живее во Србија, пешачи 17 километри до училиште во Македонија

До патот кој го води единаесетгодишниот Марко до училиште, најбргу се стигнува низ не многу длабоката, но сепак мошне студена планинска река.

2351

Единаесетгодишниот Марко Арсовски е еден од ретките ученици што по знаење мора да пешачи до соседната држава, пишува Новости.рс.

Тој е единствениот ученик од село Старац во општина Бујановец, на границата со Македонија, а до најблиското училиште има 17 километри. Тој е ученик во петто одделение во училиште во село Драгоманце во македонската општина Старо Нагоричане.

– Наставата е на македонски јазик, а имам часови и на српски. И покрај сите тешкотии, постигнувам многу добар успех – вели Марко.

Куќата во која живее момчето е до самата река Пчиња, која ја дели Србија од Македонија, но и маалото на Марко, од остатокот од селото. До патот кој го води до училиштето најбргу се стигнува низ не многу длабоката, но сепак мошне студена планинска река.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...