Елена Доленц и Дарио Арсовски, се млада брачна двојка кои со своите три деца од пред нешто повеќе од три години живеат во село Шлегово, во близина на Кратово.
Шлегово се наоѓа на околу 800 м.н.в., има околу 200 жители и опколено е со ридови и планини и прекрасна и богата природа.
„Селото е од збиен тип, некогаш било многу богато и модерно село, а изобилува со прекрасна стара архитектура и интересни приказни, обичаи, легенди, цркви и други свети места“, раскажува Елена која е родена токму тука, во истото ова село во кое од неодамна се вратила.
„Јас пораснав на село и цело свое детство слушав совети од типот ‘учи за да не мораш да работиш’ или ‘на село веќе нема добар живот’. Сведочев на масовни преселби, цели семејства оставаа и запустуваа сѐ што имаат на село за да можат да започнат живот во град или што е уште полошо, ги продаваа своите имоти на село и со тоа не си оставаа опција некогаш повторно да се вратат. Во тоа време и јас мислев дека така треба и дека одлуката да се напушти селото и да се егзистира во градот е правилна одлука“, се потсетува Елена.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.