Поранешниот член на бендот „Бјело дугме“, легендарниот пејач Жељко Бебек објавил на Фејсбук дека крадци во Загреб провалиле во комбето на неговата музичка група и украле вредна опрема.
Тој објави список на опремата што е украдена и побара да го контактира секој што знае што било за опремата или доколку забележи дека се продава.
„Групата на Жељко Бебек беше ограбена во Загреб и украдена е опремата од бас гитаристот и гитаристот и разни други нешта (микрофони, кабли, куфери, штандови и сл.) Доколку имате какви било сознанија за истата, проверете ги сериските броеви и слично пред да ја купите истата или слична опрема, ве молиме известете не ако имате некаква информација“, објави Бебек на Фејсбук.
FOTO: Printskrin/Fejsbuk/Zeljko Bebek