Жештините убиле 30 луѓе во Јапонија

Во градот Кјото температурите биле над 38 степени цела недела и тоа по првпат откако во 19 век почнало мерењето на температурата.

100

Јапонските власти ги предупредуваат граѓаните да преземат мерки на претпазливост во текот на интензивниот бран на топлина во земјата во кој досега умреле 30 луѓе, јавива Б-Б-Ц.

Илјадници лиѓе побарале лекарска помош во изминативе два дена поради здравствената состојба поврзана со големите жештини.

Температурата достигнала до 40,7 степени Целзиусови во централниот дел на Јапонија.

Во градот Кјото температурите биле над 38 степени цела недела и тоа по првпат откако во 19 век почнало мерењето на температурата.

Јапонското министерство за здравство издало упатства за училиштата да преземат мерки за да се спречат топлотни удари откако шестгодишно дете умрело по час одржан на отворено во префектурата Аичи.

Јапонската метеоролошка служба ги повикала граѓаните да пијат многу вода за да спречат топлинска исцрпеност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...