Жештините опасни за ѕидовите на Нотр Дам

101
ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA

Рекордните температури кои ја зафатија Европа може да предизвикаат целосно уривање на ѕидови во катедралата Нотр Дам, сметаат стручњаците.

Филип Вилнев, француски архитект и реставратор на историски споменици, рече дека камените ѕидови и натаму се влажни по гаснењето на пожарот во април.

– Структурата и натаму е кревка… Поради горештините кои се очекуваат во Париз оваа седмица, ѕидовите може за кусо време да се исушат – тврди архитектот.

Во овој миг се работи на стабилизација на структурата на катедралата пред почетокот на реконструкцијата на објектот. А, температурите што европските метеоролози ги предвидуваат за деновиве, само го отежнуваат тоа.

– Она од што сега се плашам, е тоа дека додека ѕидовите се сушат, може да почнат да ја губат својата цврстина и така одеднаш да попуштат – додава архитектот Вилнев.

ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...