„Жешката“ Ирина по раскинувањето со Бредли Купер, ужива на Ибица ФОТО

Сексапилната манекенка го привлече вниманието на сите кои летуваат на шпанскиот остров Ибица.

689

Светскиот топ модел Ирина Шајк, папараците ја следат во чекор. По раскинувањето на четиригодишната врска со актерот и режисер Бредли Купер, сите се во едно согласни – дека Ирина изгледа подобро од кога и да е.

Сексапилната манекенка го привлече вниманието на сите кои летуваат на шпанскиот остров Ибица. Таа замина на одмор со мајка ѝ Олга Шајк-Исламова и двегодишната ќеркичка Леa де Сен Шајк Купер.

Шајк е фотографирана како ужива на луксузна јахта. Атрактивната манекенка изгледа фантастично во зелено бикини и мрежаст фустан, додека на јахтата и плажата се забавувала со ќеркичката.

Ирина и Бредли Купер, наводно, останале во пријателски опдноси и се договориле за заедничко старателство на ќерката.

Според извори блиски до манекенката, Ирина не е подготвена за нова врска и сака што повеќе време да помине со своето дете.

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...