„СДСМ ги помина сите граници. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза и антисемитизмот кој го практикуваат структури блиски до власта како што е последниот случај со нападите на Рашела Мизрахи од страна на Тричкоски“, соопшти партијата.
До оваа реакција доаѓа по ФБ статусот на колумнистот на „Слободен печат“, во кој тој напиша: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи!“
Ваквото оркестрирано ширење на омраза на гласноговорниците на Заев покажуваат само слабост и страв од пораз на хибридниот режим на Заев. Политиката на поделби на власта денес не зацврстува меѓу државите со највисока стапка на корупција и криминал во Европа“, вели партијата и ги повикува надлежните институции да превземат мерки за санкционирање на говорот на омраза и заштита на слободите и правата.
Антисемитскиот статус на Тричковски и неговите слични ексцеси ги осудија и Македонската асоцијација на новинари, како и многу луѓе на социјалните мрежи.
– Го повикуваме МВР по службена должност да преземе активности за санкционирање на лицето Бранко Тричковски. Истовремено, бараме од менаџментот на „Слободен печат“ јавно да се оградат од ставовите на лицето Бранко Тричковски и да ја прекинат соработката со него. Во спротивно, тие стануваат соучесници во истото – се вели во соопштението од МАН.