Жерновски од Лондон: Го добивме најдобриот Извештај досега

423

Го очекуваме најдобриот Извештај досега. Убавите вести за мојата држава од Брисел ги дочекувам во Лондон, заедно со нашите пријатели и поддржувачи, а ќе ги пренесам во Скопје како порака за светла иднина на моите сограѓани. Комисијата во својот Извештај ја рефлектира подготвеноста на Северна Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија, како потврда за остварениот напредок, рече заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски од 5-тата Заедничка научна конференција „Западно балканските процеси”, што се одржува во Лондон.

Тој изрази очекување дека Европскиот совет ќе ја потврди одлуката од минатата година, за старт на преговорите на Македонија со ЕУ, а тоа ќе значи гаранција за стабилноста и задржување на фокусот на реформските процеси.

Жерновски истакна дека за многу краток период продуциравме позитивни резултати на планот на внатрешните реформи, станавме земја која потпиша пристапен протокол за членство во НАТО и земја-модел која со решавањето на историски конфликтни ситуации ги претвори во одржлива заедница на пријателство и доверба.

Во своето излагање, тој нагласи дека европската интеграција на Балканот е геостратегиска инвестиција за стабилна, силна и обединета Европа, базирана на заеднички вредности и стандарди.

Воедно, пред присутните посочи дека за нашата држава, Европа значи многу повеќе отколку само унија, отколку само раст и економска сигурност.

– За нас, Европа значи гаранција за нашата независност, слобода и демократија – рече Жерновски.

Говорејќи за придобивките на Преспанскиот договор, беше посочено дека, ние, сакаме да послужиме како пример и инспирација за решавање на сите билатерални прашања на Западен Балкан како и дека даваме силна поддршка на изнаоѓање одржливи решенија, засновани на европските вредности и меѓународното право кои трајно ќе го стабилизираат регионот и ќе го подготват за интеграција во ЕУ. Во тој контекст, Жерновски истакна дека нема силна Европа без успешен Балкан, а успешен Балкан е оној што е интегриран во ЕУ.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...